www.gavro.com.mk
Created by gavro on 11/04/2010
Last updated: 29/05/10 at 09:12
Tags: ТеÑово ÐакедониÑа Macedonia Tetova Tetove Tetovo Darko Gavrovski Gavro ÐавÑо ÐаÑко ÐавÑовÑки
TETOBO: 1900 - 2000 has no followers yet. Be the first one to follow.
06. феб. 2009. - Излезе од печат најлуксузното и најобемното издание, кога и да е посветено на Тетово, а напишано од Тетовчанец - енциклопедијата ‘Тетовски Древности’
Отворен првиот McDonalds ресторан за брза храна во Тетово.
Реосветување на Манастирската Црква ‘Св.Атанасиј’ во Лешок после 6 години реконструкција заради рушењето на истата во 2001.
23. феб. 2004. - После долгогодишно илегално работење (познат како Малоречанскиот Универзитет), со политички консензус, Донесена Одлука за формирање (легализација) на втор тетовски универзитет после Штуловиот - Државен Универзитет во Тетово - ДУТ. (сл.весник 8/2004).
2001.
- Формиран Фудбалскиот Клуб ‘Ренова’
http://www.soccerway.com/teams/macedonia-fyr/renova/
11. феб. 2001. - Во Тетово е поставен камен-темелник на Штуловиот Универзитет, првиот приватен универзитет во Република Македонија.
09. јул. 1997. - Специјалната полиција на Република Македонија изведе акција со која од собранијата на општините - Гостивар и Тетово беа симнати знамињата на Албанија и на Турција.
03. мар. 1992. - Формиран првиот плуралстички совет на Општина Тетово, и заради тоа што се смета за настан кој го означува крајот на еднопартискиот систем во Тетово, се одбележува и празнува како Ден на Општина Тетово.
1981. - Формиран женскиот младински хор ‘Менада’ под раководство на Ивица Зориќ.
1977. - Формиран првиот детски хор во градот ‘Лале’ под раководство на Ивица Зориќ.
10. ное. 1972. - Претпладнето Јосип Броз - Тито е во Тетово каде го посетува Меморијалнио музеј на ЦК КПМ а го разгледува и волнарскиот комбинат “Тодор Циповски Мерџан“ (Тетекс), води разговори со општествено-политичките работници и стопанственици од Тетово, во угостителскиот објект “Арабат-баба теќе“ присуствува на мала модна ревија, а за време на ручекот држи здравица. Вечерта заминува од Скопје за Белград.
21. апр. 1953. - Највисокиот врв на Шар Планина е преименуван во Титов Врв со одлука на Собранието на Н.Р. Македонија, а на иницијатива на Планинарскиот Клуб ‘Љуботен’ и група граѓани. Претходното име беше Голем Турчин (најстарото народно име) и Александров Врв (преименуван од окт. 1934).
Формиран Фудбалскиот клуб ‘Текстилец’ кој подоцна ќе го добие називот кој го носи и денес ‘ФК Тетекс’.
Се основа комбинатот за феросилициум ‘Југохром’ - с.Јегуновце. После големата криза во 1990-тите е приватизиран и преименуван во Силмак. Истата година се смета и за основачка година на Фудбалкиот клуб ‘Југохром’ од Јегуновце.
Формирано Ниже Музичко Училиште во Тетово кое постои до денес прераснато во најпрестижно Средно Музичко Училиште во Македонија. Прв директор - Спиро Гребенароски.
Одржан првиот Шарпланински Ски Куп кој традиционално се одржува се до денес.
На 19.ное., Тетово е ослободено од НОВ со што започнува ера на социјалистички но мирен и просперитетен развој на градот.
Формиран хорот ‘Кирил Пејчиновиќ’ под раководство на Анание Поповиќ и Спиро Гребенароски.
14. јан. 1928. - Почина во Скопје - Мара Бунева, македонска хероина, родена 1902 година во Тетово од мајка Ана и татко Никола.
23. мар. 1925. - Во Тетово е формиран најстариот Планинарски Клуб на овие простори - ПК ‘Љуботен’. Овој клуб континуирано постои се до ден-денес.
1924. - Пуштена во употреба првата хидроелектрична централа во Македонија, на тетовската река Пена.
Формиран градскиот хор ‘Бинички’ од страна на учителите Војо и Андро Поповиќ.
Формиран еден од најстарите фудбалски клубови на Балканот ‘ФК Љуботен’. Тогаш фудбалот се нарекува - Лоптање.
1915. - На 03.ное. во Тетово влегува Бугарската војска како дел од акциите на Првата Светска Војна. Градот останува во склоп на Кралство Бугарија се до 1918. Започнува периодот наречен ‘За време Бугарско’. За градоначалник назначен стариот тетовчанец Никола Бунев - таткото на Мара Бунева.
05. јан. 1915.
- Во Тетово е роден Исаја Јован - Јон - филмски, театарски и телевизиски актер, претставник на најстарата генерација македонски артисти. Почина во Скопје во 1993 година.
Повеќе овде:
http://www.maccinema.com.mk/avtor_detali.asp?IDSORABOTNIK=106
21. јан. 1909. - Роден е во Тетово- Тодор Скаловски, истакнат македонски композитор, хорски и симфониски диригент.
Формиран хор при црквата Св.Никола во Тетово од страна на Петар Здравев, што е прв хор во Тетово и еден од првите во Македонија.
На ден Голема Богородица се случи познатото Сардисување на Лешочкиот Манастир.
Втора пололовина на 6. век н.е. Во февруари 2004, на локалитетот Црквиште-Бучало, над с.Туденце, Тетовско, откриена е најстарата триконхална (трикорабна) црква во Република Македонија, а е редок триконхален објект на просторите на цела јужна Европа. Следните вакви базилики во Македонија се дури од 9. век па натаму (‘Св. Пантелејмон’ на Плаошник, ‘Св. Наум’, ‘Зглавеница’ и др.). Правоаголните краци на источниот крстовиден дел одвнатре се апсидално оформени. Ѕидана е масивно со дебели ѕидови широки просечно 1 м, а сепак со мали димензии (18 х 7,5 м). На локалитетот пронајдено е и олтарно столпче (квадратен капител) со рудиментирани одлики (рудиментиран коринтски тип) од втората половина на 6. век (според кој е и датирана црквата). Овој капител е монолитен примерок со база, украсен со стилизирани хелици од врежани триаголници, кои преку два прстена се спојуваат со столбот, а абакусот со една врежана линија е поделен на два дела. (© Дарко Гавровски, Тетовски Древности, 2009)
Околу 5. – 6. век н.е. Единствена работилница за изработка на материјал за мозаици во Македонија, е најзначајното откритие од лок. Кука, тетовско село Рогле. Во оваа работилница било топено стакло кое се мешало со хромни оксиди пришто се добивале пити (плочки) од стаклена паста во 5 различни бои (откриени се: аквамарин, кобалт, зелена, карнеол-црвена и жолтеникава со позлата) од кои потоа се сечеле помали коцкички за изработка на мозаици. Така, на многу антички локалитети се наоѓаат изработени мозаични површини, но ова е прва работилница за изработка на материјал (коцкички во боја) за тие мозаици, засега регистрирана во Македонија, а е ретко и сензационално научно откритие и извонредно значаен наод воопшто во светски рамки. (© Дарко Гавровски, Тетовски Древности, 2009)
Крајот на 4. и почетокот на 5. век н.е. На локалитетот Градиште кај тетовското село Стенче, со интензивни археолошки ископувања од 2000. до денес, откриен е комплекс со две базилики, кој преставува единствениот ранохристијански комплекс во Македонија со три одделни и истовремени крстилници (баптистериуми), а кои служеле за покрстување (крштевање) на локалното население. Ова сензационално откритие беше окарактеризирано како редок научен феномен и исклучително редок случај во целото источно православие. Во малата црква, археолозите откриле мала конструкција на внатрешна крстилница. Втората крстилница е сосема кружна и во неа се слегува преку две скалила. Третата крстилница е најголема и веројатно најмлада и изградена поради зголемената потреба од покрстување во регионот, оти претходните две помали крстилници не можеле да ги задоволат потребите за покрстување. Овој и други значајни наоди откриени потврдуваат дека овој локалитет преставувал значајно ранохристијанско епископко седиште. (© Дарко Гавровски, Тетовски Древности, 2009)

